Во Македонија плаќањето со картичка на веб страна оди преку договор со банка и нејзиниот платежен портал. Самиот сајт не ги гледа ниту чува податоците од картичката — купувачот ги внесува на безбедната страница на банката.
Како изгледа процесот
- Купувачот ја пополнува кошничката и избира плаќање со картичка
- Се пренасочува на безбедната страница на платежниот портал
- Ги внесува податоците и ја потврдува трансакцијата (често со 3-D Secure код)
- Се враќа на продавницата, а нарачката автоматски се означува како платена
Што бара банката
- Регистрирана фирма и сметка во банката
- Веб страна со услови за купување, политика за враќање и приватност
- Јасни цени, контакт податоци и адреса
- HTTPS (SSL сертификат)
Платежни портали
Повеќето банки во Македонија работат преку CPay (Casys) или сопствен портал. WooCommerce може да се поврзе со секој од нив — важно е интеграцијата правилно да го враќа статусот на нарачката, за да не останат „неплатени" нарачки што се платени.
Плаќање при достава
Сè уште голем дел од македонските купувачи плаќаат при достава. Понудете ги двете опции — картичка и готовина — и ќе изгубите помалку купувачи на checkout.
Меѓународни купувачи
Ако продавате во странство, можете да додадете и Stripe или PayPal, зависно од тоа каде е регистрирана фирмата и каде продавате.
Опишете ни што ви треба — спецификацијата и понудата се бесплатни.
Побарај понуда