Секоја фирма со вработени мора да знае кој кога дошол, колку работел и колку прекувремено. Кај многу фирми тоа сè уште се води во тетратка, листа за потпис или Excel. Тоа функционира додека фирмата е мала. Со повеќе смени, локации и вработени станува бавно, непрецизно и извор на спорови.
Зошто рачната евиденција не е доволна
- Некој мора да ги препишува листите и да ги собира часовите
- Лесно се прават грешки при пресметка на прекувремена работа
- Нејасно е кој кога дошол и заминал, па настануваат спорови
- Повеќе локации (магацин, продавници, канцеларии) значат повеќе листи
Како изгледа дигитална евиденција на работно време
Вработените се пријавуваат и одјавуваат со QR код или баркод на киоск при доаѓање и заминување. Системот автоматски ги пресметува работните часови, смените и прекувремената работа, а менаџерите и HR ги гледаат податоците според својата улога.
Што да барате од систем за работно време
- Брза пријава (QR код, баркод или картичка)
- Поддршка за смени и прекувремена работа
- Извештаи усогласени со македонскиот Закон за работни односи
- Пристап по улоги (менаџер, раководител, HR)
- Поддршка за повеќе локации
- Опција системот да работи на ваш сервер, ако податоците мора да останат кај вас
Нашето решение
DC Работно Време е систем за евиденција на работно време и присуство за фирми: пријава со QR код или баркод на киоск, смени, часови и прекувремено, пристап по улоги и извештаи усогласени со македонскиот закон, со можност за self-hosted инсталација. Побарајте демо и ќе ви покажеме како би изгледало кај вас.
Поврзан производDC Работно ВремеОпишете ни што ви треба — спецификацијата и понудата се бесплатни.
Побарај понуда