Печатеното мени има еден голем недостаток: застарува веднаш штом ќе смените нешто. Нов специјалитет, сезонски производ или нешто што снемало — и менито на масата веќе не е точно. Затоа сè повеќе ресторани, кафулиња и хотели преминуваат на дигитални менија со QR код.
Што е дигитално QR мени
Дигиталното мени е мени што гостинот го отвора на својот телефон. Го скенира QR кодот на масата со камерата и менито се отвора во прелистувачот, без инсталирање апликација.
Зошто рестораните преминуваат на дигитални менија
- Промените се гледаат веднаш. Менувате производ во админ панелот и сите гости ја гледаат новата верзија, без повторно печатење.
- Повеќе јазици. За туристички места како Охрид и Струга гостите можат сами да го изберат својот јазик.
- Слики и описи. Јадењата и пијалоците се прикажуваат со фотографии и опис.
- Хигиена. Менито не минува од рака на рака.
- Хотели со повеќе локации. Ресторан, бар, базен и room service можат да имаат свое мени и свој QR код.
Што треба да има добро дигитално мени
- Да се отвора брзо, и на послаб мобилен интернет
- Јасни категории (појадок, главни јадења, десерти, пијалоци)
- Избор на јазик
- Едноставен админ панел, за менито да го менувате сами
- Посебни QR кодови за маси или локации
Како да започнете
Прво соберете ги категориите, производите и описите, а ако имате и фотографии. Потоа менито се внесува, се генерираат QR кодовите за масите и почнувате да го користите.
Ние го развиваме DC QR Мени: дигитално мени за ресторани, кафулиња, барови и хотели, без апликација, на повеќе јазици и со админ за уредување. Ако сакате да видите како би изгледало менито на вашиот ресторан, побарајте демо.
Поврзан производDC QR МениОпишете ни што ви треба — спецификацијата и понудата се бесплатни.
Побарај понуда