Хакиран сајт не е секогаш очигледен. Понекогаш сајтот изгледа нормално, а во позадина праќа spam или пренасочува посетители.
Знаци дека сајтот е хакиран
- Google покажува предупредување „Овој сајт може да е хакиран"
- Пренасочување кон непознати сајтови, особено од мобилен
- Непознати корисници во WordPress
- Чудни страници во Google со spam содржина
- Хостингот го суспендирал сајтот
- Нагло забавување
Што да направите веднаш
- Не паничете и не бришете сè — може да ги изгубите доказите за тоа како влегле
- Сменете ги сите лозинки — WordPress, хостинг, FTP, база, email
- Направете бекап на моменталната состојба
- Контактирајте го хостингот
Чистење
Треба да се отстрани малициозниот код, да се најде како влегле и таа дупка да се затвори. Само враќање на стар бекап често не помага — ако пропустот останал, ќе влезат повторно.
Најчестите причини
- Застарени плагини и теми
- „Nulled" (крадени) премиум плагини
- Слаби лозинки
- Слаб хостинг без заштита
Како да спречите
- Редовни ажурирања
- Бекапи надвор од серверот
- Двофакторска најава
- Cloudflare и Fail2ban
- Мониторинг
Опишете ни што ви треба — спецификацијата и понудата се бесплатни.
Побарај понуда