Купувачот што не ве познава одлучува за неколку секунди дали може да ви верува. Еве што проверува — свесно или не.
Задолжителни страници
- Услови за купување — како се нарачува, плаќа и доставува
- Политика за враќање и замена — рокови и постапка
- Политика за приватност — што правите со личните податоци
- Контакт — телефон, email, адреса и име на фирмата
Овие страници ги бара и банката за плаќање со картичка. За точната содржина според законите, консултирајте се со правник или сметководител.
Јасна информација за доставата
Цената и рокот на достава треба да се видат пред checkout, не на последниот чекор. Изненадувачка цена за достава е најчестата причина за напуштена кошничка.
Безбедност
- HTTPS (катанче во прелистувачот)
- Логоа на прифатените картички
- Плаќање преку безбедниот портал на банката
Доверба
- Вистински фотографии од производите
- Рецензии од купувачи
- Реални залихи — не продавајте нешто што го немате
Лесен checkout
- Можност за купување без регистрација
- Што помалку полиња
- Плаќање при достава како опција
Опишете ни што ви треба — спецификацијата и понудата се бесплатни.
Побарај понуда