Кога некој бара ресторан, најчесто е на телефон и гладен. Сајтот има неколку секунди да му го даде она што го бара.
Што гостите бараат прво
- Мени — читливо на телефон, не PDF што треба да се зумира
- Работно време
- Локација — мапа и копче за навигација
- Телефон — со копче за директен повик
- Фотографии — од храната и од просторот
Мени како текст, не слика
Мени како текст се вчитува побрзо, се чита полесно, Google го разбира и лесно се ажурира кога ќе се смени цена.
Резервации
За ресторани што примаат резервации, едноставен формулар или копче за повик е доволен. Важно е да е видливо.
Повеќе јазици
Во туристички градови, мени на англиски (и други јазици според гостите) е задолжително.
Google Business профил
Кај рестораните често е поважен од сајтот. Работно време, фотографии, мени и рецензии — сè тоа гостите го гледаат директно на Google Maps.
Опишете ни што ви треба — спецификацијата и понудата се бесплатни.
Побарај понуда