Ако имате онлајн продавница, веројатно знаете како изгледа денот: нарачка стигнува, ја препишувате адресата во порталот на курирот, го копирате бројот за следење назад, го праќате на купувачот. За десет нарачки дневно тоа е час губење време — и шанса за грешка на секоја.
Што прави интеграцијата
Со плагин за курирска служба, сето тоа се случува од самата нарачка во WooCommerce:
- Отворате нарачка и кликнувате „Креирај пратка"
- Податоците на купувачот и износот за наплата при достава се праќаат автоматски
- Бројот за следење се запишува на нарачката
- Етикетата се печати директно од WordPress
- Купувачот добива број за следење по мејл
Групно праќање
За продавници со повеќе нарачки дневно, најголемата заштеда е групното креирање — ги селектирате сите нарачки за денес и ги праќате одеднаш.
Плаќање при достава
Во Македонија голем дел од купувачите сè уште плаќаат при достава. Плагинот го пренесува точниот износ до курирот, па нема рачно пресметување и грешки при наплата.
Кои курири ги поддржуваме
Имаме готови плагини за ELS Express и Карго Експрес — се инсталираат и конфигурираат во ист ден. За друг курир ја градиме интеграцијата по мерка, ако курирот има API.
Ако сакате ваков плагин за вашата продавница, пишете ни — ќе ви кажеме што е потребно од страна на курирот.
Поврзана услугаАвтоматизации и интеграцииОпишете ни што ви треба — спецификацијата и понудата се бесплатни.
Побарај понуда