Кога посетителот ќе ја види пораката „Your connection is not private“ или кодот ERR_CERT_AUTHORITY_INVALID, повеќето луѓе веднаш го затвораат сајтот. Кај онлајн продавница тоа значи изгубени нарачки. Добрата вест е дека причината речиси секогаш може точно да се утврди.
Што значи оваа грешка
Browser-от не може да потврди дека SSL сертификатот на сајтот е издаден од доверлив издавач за тој домен. Тоа може да биде проблем на самиот сајт, но и на мрежата преку која корисникот пристапува.
Најчести причини
- Истечен сертификат: автоматското обновување не поминало.
- Сертификат за друг домен: на пример важи за
www, а не за доменот безwww, или обратно. - Непотполн certificate chain: недостасува посредничкиот сертификат, па некои уреди не му веруваат.
- Погрешна DNS или CDN/proxy конфигурација: доменот покажува кон сервер со друг сертификат.
- Мрежен филтер или блокада: кога доменот е блокиран кај оператор, корисникот може да добие страница со друг сертификат. Тогаш ја гледа оваа грешка, иако вашиот сертификат е исправен.
Зошто кај едни работи, а кај други не
Ако грешката се појавува само на одредена мрежа, на пример само на мобилен интернет, или само кај корисници на еден оператор, проблемот најверојатно не е во вашиот сертификат. Тогаш треба да се провери дали доменот е блокиран или пренасочен на ниво на мрежа. Повеќе за тоа во статијата Сајтот ви е блокиран од A1 NetProtect?.
Што проверуваме
- Валидност, рок и hostname на сертификатот
- Целосен certificate chain и компатибилност со постари уреди
- HTTPS пренасочувања и mixed content
- DNS записи, nameservers и CDN/proxy поставки
- Однесување од различни мрежи и DNS resolver-и
Ако сајтот прикажува SSL или security предупредување, погледнете ја услугата Безбедност и одблокирање на сајт или испратете ни го доменот за итна проверка.
Поврзана услугаБезбедност и одблокирање на сајтОпишете ни што ви треба — спецификацијата и понудата се бесплатни.
Побарај понуда